iso 9001 akreditacija - O NAMA
AA certifikat - O NAMA
iso 17100 certifikat - O NAMA

ЗА НАС

БЕКОС д.о.о. е центар за преведување со седиште во Хрватска, во Нов Загреб, во непосредна близина на Загрепскиот саем. Фирмата е составена од група на искусни преведувачи и судски толкувачи со одлично познавање на јазици.

Грчкиот историчар Херодот ја забележил приказната за египетскиот крал Псаметих кој наредил две новороденчиња да се издвојат од околината како би се дознало со кој јазик спонтано ќе проговорат. Легендата вели дека децата прво го прозбореле зборот БЕКОС, што значи „леб“ на фригиски, кој тогаш бил прогласен за најстар јазик на светот.

Којзнае, ако нешите далечни предци не му се спротивставуваа на Семоќниот со градењето на кулата во Вавилон, можеби и денес сите ќе зборувавме само се еден јазик? Но тоа не се случи, па Бог нè создаде и нас преведувачите за да ви помогнеме во меѓусебното разбирање.

ПИШАНИ ПРЕВОДИ

Услуги на преведување од хрватски јазик на албански, англиски, арапски, босански, бугарски, германски, грчки, италијански, латински, македонски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, словачки, словенски, српски, турски, украински, унгарски, француски, холандски, чешки, шведски, шпански и од тие јазици на хрватски. Можни се и други јазични комбинации.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

СИМУЛТАНО И КОНСЕКУТИВНО ПРЕВЕДУВАЊЕ

Нашите стручни, високо професионални преведувачи ќе ви помогнат за што поуспешно одржување на вашите конгреси, семинари, симпозиуми, видеоконференции, работилници и други разни состаноци. При симултано преведување преведувачите се сместени во специјално опремени кабини, а учесниците на собирот со помош на слушалки слушаат симултан превод на својот јазик. Потребната опрема (кабини, слушалки, микрофони, техничка опрема, стручни лица за контрола на целокупната опрема) БЕКОС д.о.о. исто така може да ви ја обезбеди.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Контактирајте не по e-mail !

КОНТАКТ